(Видео) Руски олигарх: Мојата земја води света војна против сатанистите

t

Соработникот на Би-Би-Си Френсис Скар на Твитер објави видео од гостувањето на рускиот тајкун Константин Малофејев на руската телевизија.

Скар наведува дека Малофејев рекол дека Русите треба да бидат свесни дека нивната земја води света војна во Украина против сатанистите и паганите.

Скар не кажува кога го видел видеото, но во описот на својот профил наведува дека гледа руска телевизија и известува за тоа што се прикажува таму, па се претпоставува дека гостувањето било деновиве.

Константин Малофејев, руски политичар и бизнисмен, е попознат како „православен олигарх“ по неговата манифестирана религиозност. Малофеjев беше санкциониран од ЕУ и САД поради неговата вмешаност во руската анексија на Крим во 2014 година. Украина го обвини за финансирање нелегални проруски паравоени групи.

Малофеjeв е познат како личност која е многу блиска со Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…