Објавено на:

(Видео) Руски стратег: За Русија војната со Украина е генерална проба пред војната со НАТО! – сите ќе умреме еден ден

t

„За нас [Русија], војната во Украина … е проба за евентуално поголем конфликт во иднина“, предупреди врвен руски политиколог во ток-шоуто на руската државна телевизија „60 минути“.

Алексеј Фененко, научен соработник во Институтот за меѓународни безбедносни студии, ѝ рече на Олга Скабеева, водител на емисијата, дека инвазијата на Украина е полигон за тестирање на воени тактики и опрема за многу поширок конфликт, кој потенцијално може да го вклучи НАТО.

„И затоа ќе тестираме и ќе се спротивставиме на оружјето на НАТО и ќе видиме на бојното поле колку е навистина посилно нашето оружје во споредба со нивното… можеби тоа ќе биде искуство за некој иден конфликт“, рече Фененко.

Водителката на емисијата Скабеева го прекина Фененко, посочувајќи го ова како „застрашувачки експеримент“.

Видео клипот на кој Фененко ги изразува своите ставови за можеби многу поголем конфликт, првпат беше споделен во САД од страна на Џулија Дејвис од Дејли Бист во четвртокот.

Коментарите на Фененко доаѓаат откако Маргарита Симонјан, новинарка и главен уредник на RT, разговараше за можноста за конфликт надвор од Украина и рече дека нуклеарна војна би била во ред бидејќи „сите ќе умреме еден ден“.

Симонјан додаде: Војната со „Европа и светот“ беше „неизбежна“.

Едно од највисоко-технолошките оружја на Русија што ги тестираше во Украина се хиперсонични ракети.

Заканата од поширок конфликт што ќе се прелее од Украина, најверојатно ги натера Финска и Шведска да аплицираат за членство во НАТО минатата недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…