(Видео) Русковска: Бев испрашана како осомничена, апсолутно очекувам да се отфрли пријавата!
Поранешната шефица на ОЈОГОК, Вилма Русковска денеска беше испрашана во обвинителството, како што објаснин таа по поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција за наводна злоупотреба на службена положба и овластување чл. 353 став 1 и наводно фалсификување на исправа.
– Колегата што постапува по предметот беше максимално коректен и професионален, само позитивни работи можам да кажам за неговоро постапување, вели Русковска која објасни дека нејзината колешка Елизабета Јосифовска давала исказ вчера, утре ќе дава Ивана Трајчева а за Сузана Мирчева Кузмановска денеска дознала дека е додадена во пријавата.
– Бев испитана како осомничена, со оглед на тоа дека предметот е заведен во описникот КО не во РО јас сум осомничена, објасни Русковска.
– Апсолутно очекувам да се отфрли пријавата, не извршив увид во доказите и не знам што докази има собрано освен делови од предметот прибавени од органиизран криминал. Ми рече дека има некој извештај направено колешката Лиле Стефанова, ја видов кривичната пријава, ми беше понуден да го видам записникот од изјавата на Муареми, не го прочтав.
Обвинителката објасни дека нема информации до каде е постапката на Организиран криминал и финансиска полиција.
Откога го примив предлогот за поведување дициплинска постапка според Закон во рок од 5 дена треба да доставам известување и јас го испочитував тој рок, додава Русковска.
За снимките кои протекоа во јавноста на кои наводно се слуша обвинителката Русковска која вели дека “го заборавила” во притвор обвинетиот за 27 април, Владимир Атанасовски, таа вели дека не е можно било кој да се заборави во притвор бидејќи самиот закон е така поставен.
– Снимката излезе во јавноста уште негде крајот на јуни или почетокот на август месец, законот е така поставен што никого не можеш да заборавиш во притвор, секои 30 дена мора да бараш укинување или продолжување на притворот. Тоа целото е извадено од контекст, а во првите два месеци ги собирав другите докази и се прошитуваше истрагата и не беше повикан да даде исказ Владимир Атанасовски, додаде Русковска.
ЛИНК од изјавата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Русковска и нуделе функција да прекине…
Истите личности кои ми нудеа да бидам…
Каде е Директорот на финансова полиција?
Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…