(Видео) Русковска: Постапката против мене е притисок врз сите обвинители да внимаваат против кого ќе почнат постапка!

t

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска денеска беше повикана во Обвинителството да даде исказ пред обвинител по однос на пријавата која е поднесена против неа од страна на поранешниот директор на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, за наводно злоупотребување на службената положба и овластување и фалсификување на исправа.

На прашање од “Инфомакс” дали ваквата постапка против Русковска значи и предупредување за останатите нејзини колеги да внимаваат што зборуваат и против кого почнуваат постапка, Русковска одговори потврдно.

– Апсолутно, така гледам на целата постапка и на моето суспендирање, поведувањето на дисциплинска постапка како и еве поднесената кривична пријава е еден вид на притисок.

Сега не знам дали има притисок, во минатото имало, поготово спрема мене закани и притисоци, но не можам да кажам од кого, се работи за поранешна влада. Очигледно бидејќи сум суспендирана не сум обрнала внимание на тие закани, не се приавени во Советот на јавни обвинители, вели Русковска.

ЛИНК од нејзината изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…