(Видео) Тензичен почеток на преговорите во Женева – Шефовите на делегациите на САД и Русија не се ни поздравија
Руско-американските преговори за безбедносните гаранции, кои се водат во Женева, се оддржуваат веќе два часа. Разговорите се одвиваат зад затворени врати.
Според видеото објавено пред почетокот на средбата, се гледа како претставниците на Москва и Вашингтон влегуваат во салата и седат еден спроти друг. Потоа, шефовите на делегациите – рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков и заменик-државниот секретар на САД Венди Шерман се приближуваат до знамињата за протоколарна фотографија.
Видеото може да го погледнете тука.
Дипломатите за време на фотографирањето држеа социјална дистанца, не се ни ракуваа.
Претходно Рјабков рече дека очекува американската страна на средбата да слушне јасен став за руските предлози и објаснување за логиката на нејзините пристапи. Во исто време, тој изрази сериозни сомневања за подготвеноста на Сад за таков дијалог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…