(Видео) Само на Балканот и тоа во Првата лига: Се ,,грабнаа” тренери, помошници, па се приклучија и играчите

t

Натпреварот меѓу Леотар и Зрињски, од босанската Премиер лига заврши со 1-1, но „борбата за победник“ продолжила и по натпреварот.

Пуштени се видео-клипови по социјалните мрежи од тепачка меѓу луѓе од стручните штабови на двата клуба. Во физичкиот судир учествувал тренерот на гостинот, Зрињски од Мостар и кондицискиот тренер на овој клуб, како и неколку члена на домаќинт, Леотар.

На видеото се гледа како кондицискиот тренер на Зрињски во еден момент му скока на грб на еден од домаќините, а потоа самиот паѓа на земја. На сето ова му претходела кавга на прес-конференцијата, а и размена на ллути зборови по соблекувалните. Срѓан Кулиќ, дел од стручниот штаб на Леотар им се обратил на гостите среде прес-конференција, замерувајќи дека еден нивен фудбалер пцуел.

„На кого му пцуеше мртва мајка вашиот Библија? На сите им пцуеше мртви мајки, тоа ли е вашиот клуб? Срам да ви е. Да се огледате…Прашајте го што прави. Пцуе мртви мајки, затоа што немал доволно топла вода, срам да ви е“, викал помошникот тренер.

Библија е фудбалер на гостите, кој го постигнал голот за водство на Зрински, пред Ханџиќ да изедначи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…