(Видео) Сведоци сме на вандализам и саботажи: Го повикувам МВР да реагира додека не е доцна
„Во изминатите неколку месеци сме сведоци сме навистина на екстремни случаи на вандалско однесување, јас не се сеќавам дека во изминатите години дека имало вакво однесување. Доколку се работи за намерни саботажи и сметам дека има доста докази, затоа станува сериозно загрижувачки“, посочи градоначалничката на Град Скопје
„Започна со мал вандализам со истурање на ќеси со ѓубре, кршење на клупи и палење на контејнери. Ова што се случува последните неколку месеци е посериозно и за кое што МВР сметам по овие пријави дека треба да се позанимава поинтензивно со овие случаи, бидејќи прашање е кога ќе предизвикаат посериозни последици во делот на безбедноста на граѓаните“, истакна Арсовска
„Овој викенд се случи вандализам и претходно, исто така, и сметам дека треба да се постапува за безбедноста и сигурноста на граѓаните и да се интензивира уште повеќе на локациите каде што се повторуваат овие вандалски чинови, бидејќи сметам не постои граѓанин кој тоа би го правел од чиста мира и верувам дека Министерството ќе настапи на правилен начин и ќе се обидат овие чинови да ги превентираат“, се огласи градоначалникчката на Град Скопје
„Треба зголемена активност и имаше предлог закон каде што би имало општинска, односно комунална полиција“, дополнува Арсовска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…