(Видео) СДСМ достави документи до ДКСК: Бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР!

t

Секој ден власта ја тресат корупциски скандали. Буквално смрди на коруцпија во врвот на власта.

Последен е скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра кој го добива и фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот.

Фирма без искуство, без капацитет, а вчера видовме и дека е без седиште. Фантом фирма ли е?

Како е можно ваква фирма да добие тендер за специјализирана опрема за полицијата?

Ова е огромен скандал поврзан со Панче Тошковски кој бара итна институционална реакција.

Денеска сме пред Државната комисија за спречување на корупцијата, да побараме итно постапување по овие сериозните сомнежи за корупција.

Ќе и предадеме документи. Да се истражи до крај, дали станува збор за местен тендер, однапред договорен?

Чии интереси стојат зад овој тендер вреден 4 милиони евра?

ДКСК мора да отвори предмет, да ги истражи сите факти и конечно – да обезбеди одговорност.

Време е ДКСК да покаже дека не се неми набљудувачи на криминалот, туку бранители на јавниот интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…