(ВИДЕО) СДСМ: Скандалот се продлабочува- Приватни возила биле пропуштени без контрола, границата со Косово целосно приватизирана за Гаши

t

„Според информациите кои од свиркачи се доставени до СДСМ, границата со Косово била отворена за службените возила на Гаши, но и за други приватни возила кои исто така биле дел од поворката по невестата. Сите возила, на Гаши, на неговото обезбедување и приватните возила биле пропуштени без конотрла“ објавија од СДСМ.

Како што соопштија од партијата, поворката пред да ја помине границата била паркирана на една бензинска станица во близина на границата. Потоа, сите возила заедно, вклучително и приватните возила, поминале на лентата за камиони, односно товарен траспорт без да бидат застанити.

„Да биде скандалот уште поголем, во возилата каде се што се возело обезбедувањето на Гаши, имало и дел од сватовите односно приватни лица што е законски недозволено. Ова значи, дека границата со Блаце била целосно приватизирана за потребите на Гаши и тоа со амин на МВР и одговорните службеници. Со ова е нарушена безбедноста на државата и проверката на патници која е задолжителна со закон“ велат од СДСМ.

Тие прашуваат кој издал наредба за ова, дали таа дошла од Гаши или од минситерот за внатрешрани работи Панче Тошковски.

„Кој од МВР бил одговорен да го организира ова своеволие? Бидејќи, јасно е дека без команда да се пропуштат возилата ова не можело да се случи. Дали контролата на границата кон Косово е целосно препуштена на партиските структури на ВЛЕН? Кој гарантира што се поминало низ границата во приватните возила?“ прашуваат од СДСМ и додаваат дека Јавното обвинителство треба да отвори сериозна истрага за да одговараат сите инволвирани во овој скандал.

„Сега стана јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ вчера преку соопштенија го бранеше Гаши за овој скандал. Тоа е затоа што истиот не можел да се случи без поддршка од МВР и раководни структури во министерството. ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски се фасцилитатори на ова каубојско однесување и треба да одговараат“ велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) СДСМ: Скандалот се продлабочува- Приватни возила…

„Според информациите кои од свиркачи се доставени…

Поранешен офицер на КФОР тврди: НАТО бомбардирањето…

Поранешниот американски офицер на КФОР Стив Расел…

(Фото) Скопје се претвори во ДИВ ЗАПАД:…

За не повеќе од 12 часа второ…

Брат ја нападнал сестра си во Прилеп

Педесет и петгодишен прилепчанец е приведен откако…

Зеленски: Контролираме 1.250 квадратни километри во Русија,…

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски изјави…