(Видео) СДСМ со 180 во своите ставови? – Андреј Петров: За мене Бугарите биле окупатopи не администpaтори

t

Поранешниот градоначалник на Карпош и партиски секретар на СДСМ, Андреј Петров, гостуваше во рубриката Да си кажеме… со Горан Петрески на Утринската програма на Телма.

Петров вели дека не ни треба Европска унија по секоја цена.

Не можеме да ја менуваме историјата, значи за мене Бугарите биле окупатори не администратори. Не можеме да зборуваме за јазикот и идентитетот заради тоа што тоа е слобода, тоа е нешто што не зависи од никој друг туку зависи од нас самите и е факт што се случува на повеќе катедри на универзитети низ целиот свет, и на прашањето на Уставот значи не е проблем да влезат Бугарите во македонскиот Устав бидејќи тоа покажува дека ние сме различни народи, но, нормално е дека тоа треба да биде со реципроцитет, решавање на правата на Македонците во Бугарија, на македонското малцинство во Бугарија, рече Петров.

Инаку Петров беше избран за член на Извршниот одбор на владејачката СДСМ со изборот на Димитар Ковачевски за нов претседател на партијата. Петров беше партиски секретар на СДСМ во времето на Бранко Црвенковски, а беше и привремен градоначалник на Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…