(Видео) Сега веќе е во целост јасно за што говореше Груевски: Едно од ножињата е токму од Мицкоски кој е современиот Ванчо Михајлов!

t

Ова е дел од говорот на Никола Груевски пред изборот на новиот претседател на партијата Христијан Мицковски на конгресот во Валандово во декември 2017 година.

Дали Груевски предвиде што ќе му направи дотогашниот негов секретар на партијата Христијан Мицковски за кого веќе беше извесно дека ќе биде избран за негов наследник, бидејќи немаше друг кандидат.

Дали преку прецизното и невообичаено долго раскажување пд вели 5-6 минути на една историска секвенца во говорот на конгресот, за предизвиците на Тодор Александров во последните месеци пред неговата ликвидација на 31 Август 1924 година, и улогата на неговиот наследник Ванчо Михајлов кој во тоа време е негов секретар, Груевски скриено или индиректно навести некои работи?

Дали знаеше нешто или самиот инстикт му протаботел?

Дали му испрати порака на Мицковски како што од библијата читаме дека Исус на тајната вечера со индиректни но јасни зборови кажал на тајанта вечера дека еде н од присутните 12 апостоли и негови ученици и следбеници – Јуда, ќе го предаде?

Зошто на заминување од толку многу историски важни моменти на историската ВМРО, а ги има стотици и стотици, Груевски кој видовме дека има големи познавања од историјата, го одбрал токму овој момент да го истакне, пред целиот конгрес и пред целата јавност, со обзир дека беа присутни медиумите.

Дали ова било скриена порака на Груевски до членовите на конгресот кои во говорот не ги повика да гласаат за Мицковски, а како што можете да чуете им ја раскажа во детали приказната за секретарот Михајлов и претседателот на ВМРО Александров, од пред речиси 100 години.

Дали само историјата се повторува?

Груевски избегна ликвидација во затворот за која отворено проговори во неговото прво комунике од Будимпешата.
Тој требаше да влезе во затворот Скопје во Шуто Оризари каде што се издржуваат казни до две години, но и каде се сместени притворениците, меѓу кои во тоа време беа целата екипа од Диво Насеље, кои малку подоцна ги претепаа Миле Јанакиески и Спиро Ристески а за самиот Груевски објавија на ФБ дека ќе го најдат и на крајот на светот. Зошто? Затоа што ја бранеше земјата, ги уапси и ги спречи нивните намери, спасувајќи многу животи од терористичките акции кои ќе следеа од оваа група. Дали е во ред на таков начин да му возврати новата власт?

Од друга страна, Мицковски не само што експресно ги смени повеќето од соработниците на Груевски, туку во неколку наврати соопшти дека ако стане премиер ќе го врати Груевски во Македонија и ќе го направи она што Заев не успеа.
Дали се работи за личен комплекс на Мицковски кон Груевски или само игра како што му свират оние од кои е уценет и поткупен истовремено?

На што се должи омразата на Мицковски кон Груевски и желбата да го уништи, депортира, затвори?

Јасно е дека Мицковски во партијата влезе и напредуваше само благодарение на Груевски, а сега тој посакува да му возврати со негово апсење иако по бегството на Груевски, Мицковски јавно кажа дека се работи за политички прогон против поранешниот водач на партијата, но сепак го осуди неговото бегство, што беше нелогично, бидејќи ако е политички мотивиран прогон тогаш тоа значи дека тој не е виновен, а ако не е виновен значи дека не треба да оди во затвор и зошто треба да оди во затвор по цена на неговиот живот?

Од она што го знаеме , читаме, гледаме и слушаме овие пет години, Груевски досега со ништо го нема предизвикано Мицковски и никогаш јавно не го нападнал и не му наштетил, а имаше многу можности, за што многумина и му замеруваат во партијата.

Тој во 2017 година дозволи токму Мицковски да го наследи и тоа во време кога Груевски имаше таков авторитет и моќ во партијата што можеше кого сака да го постави.

Што мислите вие, зошто Мицковски, кој видел само добрини од Груевски, сега му го спрема најлошото?
Дали го одобрувате тоа?

Дали мислите дека Мицковски повеќе од СДСМ несака да го види Груевски вратен во Македонија како слободен човек?
Дали тоа покажува дека тој се плаши од Груевски и неговиот авторитет меѓу народот?

Дали подржувате човек со ваков карактер да ни биде идниот премиер и лидер на државата?
Каков карактер е тоа? Како вие го доживувате?

И дали мислите дека кажаното на конгресот од Груевски е случајна коинциденција или предвидување на настаните кои следаат?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…