(Видео) Седум дена до стартот на ЕП во Скопје, купете билети и да ги бодриме нашите одбојкари
Седум дена пред почетокот на Европското првенство во одбојка кое ќе се одржува и во Скопје, македонската одбојкарска репрезентација доби своја навивачка песна.
Првата песна за одбојка во Македонија ја изведува Ламбе Алабакоски. Текстот е на Огнен Неделковски, музиката на Филип Неделковски, а аранжманот на Ангел Ќосев.
За првпат во историјата на независна Македонија, во Скопје ќе се одржи Европско првенство во машка одбојка. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 30- ти август до 6-ти септември ќе биде дом на македонската сениорска одбојкарска репрезентација која очекува силна поддршка од трибините.
Македонија ќе ги пречека репрезентациите на Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка во рамки на групата „Ц“, а одбојкарите очекуваат голема поддршка од трибините. Пејте и навивајте за Македонија.
– Купете билети и дојдете да ги бодриме нашите одбојкари кои заслужуваат полна сала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ најави голема воена парада во Белград…
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…
ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…
Постапка против осомничен за тешка кражба
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Захарова: Светот е на милиметар од нуклеарна…
Светот е на милиметар од нуклеарна катастрофа…