(Видео) Семејството на 2-годишното дете кое почина од заскитан куршум, обвинува за полициска бруталност
Семејството Аслани чиј двегодишен син почина во Клинички центар откако на новогодишната ноќ во неговата глава заврши метален фрагмент, обвинува за полициска бруталност во повеќе видео-материјали емитувани во живо денеска. Во едниот од нив членови на семејството покажуваат модрици од удари кои велат дека им ги задала полицијата додека таткото на детето открива дека бил испитуван дали му направил нешто на детето. Членови на семејството велат дека полицијата апсела и деца и возрасни, присутни на местото. Официјален став за овие обвинувања се обидовме да добиеме од МВР но засега безуспешно.
Детето според официјалната верзија на настаните споделена од полицијата им подлегна на повредите ноќеска во 2 часот по полноќ.
Семејството бара неселективна и итна правда, да се пронајде и казни сторителот, пишува во видеото на „Рома Прес“.
Обвинителството денеска издаде наредба за обдукција.
Таткото на детето Муше Аслани, во видео материјалот зборува дека полицијата ги тепала неговите чичковци.
-Мене ме малтретираа. Не ме оставија да си го видам синот. Малку ми ги поткршија рацете, а јас сум опериран на раката, ме оставија на ладно, „не ти е ништо“ ми велеа. Ме прашуваа „да не си направил нешто ти“, изјавува тој.
Според неговите зборови, бидејќи не бил присутен, сметал дека син му се удрил. Кога го однел детето во болница, полициските службеници според неговите зборови ги буткале присутните членови на семејството и сите биле однесени во полициска станица.
-Ние немаме оружје и не користевме оружје, вели Аслани.
Денеска Министерството за внатрешни работи излезе со официјално соопштение за двегодишното дете кое почина на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако во главата му заврши метален фрагмент. Лекарски извори од Клиниката за трауматологија за „Слободен печат“ изјавија дека проектилот бил од заталкан или одбиен куршум, не е директно упатен и со релативно мала сила е влезен во главата на детето.
На 1 јануари годинава 58 минути по полноќ во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во многу тешка состојба и со туѓ предмет во главата е донесено двегодишно дете од Скопје, велат од МВР.
Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со 21-годишната мајка Г.Д. која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето. Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26). Во 01:58 часот на 02.01.2026 детето починало, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија планира да изгради нуклеарна централа на…
Русија ги претстави своите планови за изградба…
Сопственикот на швајцарскот бар проговори за прв…
По трагичниот пожар што избувна во барот…
(Видео) Семејството на 2-годишното дете кое почина…
Семејството Аслани чиј двегодишен син почина во…
47 ЗАГИНАТИ, 22 ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ: Сè уште…
Се уште не е пронајден исчезнатиот млад…
На Мицкоски му текна дека е професор…
Факт е дека премиерот Христијан Мицкоски, но…