Објавено на:

(Видео) Серија напади врз руски региони: Горат рафинерии, има и жртви

t

Единиците за противвоздушна одбрана пресретнале 35 украински беспилотни летала над осум руски региони во текот на ноќта на 17 март, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руските воздухопловни сили соборија четири беспилотни летала над Московската област, три над Белгородската област, два над Калушката област, еден над Орилската област, еден над Ростовската област, четири над Јарославската област, три над Курската област и 17 во Краснодар.

Руските медиуми претходно во текот на ноќта објавија дека украински беспилотни летала нападнале рафинерија за нафта во Краснодарската територија, предизвикувајќи пожар и убивајќи еден работник.

– Пожарот во реонот на нафтената рафинерија во Славјанск е целосно изгаснат. Едно лице починало за време на нападот, а веројатна причина е срцев удар – соопштија локалните власти во блискиот Краснодар.

Во саботата, по напад со дрон, беше опожарена рафинеријата во Самара, на околу илјада километри од украинската граница.

Додека Киев ретко ги коментира извештаите за напади со беспилотни летала во Русија, украинските сили ја презедоа одговорноста за неодамнешниот бран напади врз руските нафтени рафинерии.

Нападите со беспилотни летала врз рафинерии и енергетски капацитети се зголемени оваа недела во Русија, каде денеска е последниот ден од претседателските избори кои се очекува да доведат до очекуваниот реизбор на Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…