(Видео) Сестрите Ајфер и Фатима преживеаја 100 часа под урнатините: Пожарникарите разговарале со Ајфер за да ја задржат свесна
Противпожарната служба на Анталија наведува дека Ајфер (15) била извлечена од урнатините во 99. час по земјотресот, а нејзината сестра Фатма (13) била спасена два часа подоцна.
Спасувачите со помош на сеизмички сензори открија знаци на живот под урнатините и спроведоа 10-часовна спасувачка операција за да стигнат до местото каде што се наоѓа Ајфер, пренесува CNN.
Пожарникарите разговарале со Ајфер во обид да ја задржат свесна. Таа рече дека пропуштила да јаде сладолед и ветија дека ќе и донесат кога ќе биде безбедно надвор.
Ја пуштија и музиката што таа ја побара. Пожарникарите патувале околу 800 километри од Анталија за да се приклучат на спасувачките напори во Кахраманмарас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три лица од Турција нападнати кај кањонот…
– Вчера во 18:30 часот во СВР…
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…