(Видео) Се бара јунак, пратеник или пратеничка кој/а ќе поднесе закон за намалување на платите на функционерите!
Во денешната епизода на “Тешки муабети” нашиот ко-водител, Филип Петровски, повика било кој пратеник кој е заинтересиран да се обрати до редакцијата на Инфомакс, за поднесување на предлог-закон за намалување на платите на функционерите.
-Се бара пратеник или пратеничка кој\а ќе сака да поднесе закон за намалување на платите на функционерите, доколку нема таков народен пратеник, тогаш ние граѓаните, со 10.000 потписи да го поднесеме па да видиме дали ќе го гласа некој, вели Петровски.
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, вели дека доколку се најде таков пратеник или пратеничка ние ќе го подготвиме законот, односно амандманот кој треба да се поднесе.
Претседателот Пендаровски во изјава за медиумите истакна дека според него Владата треба да стори се за да се спречи зголемувањето на платите.
-Одлуката на Уставниот суд а е поразувачка. Би сакал да ја искоментирам пред воопшто да стане предмет во јавноста, а треба да стане. Невкусно е мојата плата, од сегашните 93 000 да биде 150 000 или на премиер, спикер на Парламент, министри од сегашни 80 000, да изнесува 130 000, истакна претседателот Стево Пендаровски.
Еден функционер со својата плата според новата пресметка покрива две ипол Синдикални минимални кошници или еден функционер по најновните пресметки вреди колку десетчлено семејство и истиот може со само една своја плата да покрие основни трошоци за две ипол семејни домакинства, а според пресметките за износот на Синдикалната минимална кошница на Министерот за економија, една фукционерска плата покрива три Синдикални минимални кошници, пресметаа синдикатите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Неквалификувани ревизори и насилници поставени од…
Не запираат скандалозните назначувања на неквалификувани и…
Бонус прашање за Николоски: Дали тој или…
Претседателот Стево Пендаровски и сопругата со години…
Еве што смеат, а што не функционерите…
Во пресрет на претседателските избори на 24…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Функционерските плати и Законот за игрите на…
Собранието денеска ќе го одржи продолжението на…