(Видео) Се гасат светилките во Струга, Мерко реши да штеди ама не од пари за кафани: “Нема потреба и ноќта да е како дење”

t

Продолжуваат чудните изјави на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој реши да штеди електрична енергија со гасење на светилките во текот на ноќта.

Неговата изјава дека нема потреба и ноќта да биде како ден ја коментира генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска:

– Господинот Рамиз Мерко, дел од европските интегративци, кој потроши 67.000 евра за службено ауди рече дека уличното осветлување е скапо и порача дека не треба “и ноќта да е дење”

#НиеСмеНАТО – напиша Мојсоска на Фејсбук.

Струшкиот градоначалник не бил отсекогаш вака штедлив. Рамиз Мерко од општинскиот буџет во 2020-та потроши 27.500 евра, сред пандемија, неделно трошејќи над 2.000 евра на гозби и гоштевања.
Во 2018-та година со пари од општината, за сума од 66.000 евра, Мерко купи автомобил Ауди А6 и 4 шкоди во вкупна вредност од 114.000 евра.

Според извештаите за период од 2018. до 2021. година за репрезентација Мерко потрошил вкупно 139.296 евра.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Meрко ќе плаќа инфлуенсерки за да го…

Локалните власти во Струга за туристичка промоција…