(Видео) Се запали авион, објавени драматични снимки од евакуација на патниците!
Повеќе од 170 патници и шест членови на екипажот беа евакуирани откако моторот на авион на Американ Ерлајнс кој полетал од Колорадо Спрингс се запалил при слетувањето во Денвер.
Инцидентот се случил во четвртокот на авионот Боинг 737-800 околу 17:15 по локално време за време на слетувањето во Денвер, по пријавени вибрации од моторот од страна на екипажот.
„По безбедно слетување на Меѓународниот аеродром во Денвер, летот на Американ Ерлајнс 1006 имаше проблем со моторот“, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.
Според авиокомпанијата, сите 172 патници и шест членови на екипажот безбедно беа евакуирани од авионот и однесени на терминалот. Дванаесет патници со полесни повреди беа пренесени во локална болница за понатамошен преглед.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како патниците излегуваат преку итните врати и се качуваат на крилјата на авионот.
Ова е втор инцидент со воздухоплов на Американ Ерлајнс во последно време.
На 29. јануари, во судар на авион на оваа авиокомпанија и хеликоптер на Војската на САД во близина на Вашингтон, животот го загубија 67 луѓе.
Минатиот месец, авион на Делта Ерлајнс се преврте при влегување на Канадскиот Меѓународен аеродром Торонто Пирсон по ветровито време по снежна бура, при што 18 од 80 лица на авионот беа повредени.
Оваа недела, извршните директори на Американ Ерлајнс, Роберт Ајс и на Делта, Ед Бастиан, ги споменаа последните авионски несреќи и временските услови во САД како главни причини за намалувањето на побарувачката за патувања во земјата, како и економската неизвесност.
American Airlines flight AA 1006 catches fire after diverting mid flight due to engine issues and landing at Denver Airport.
Passengers were forced to evacuate via the slides.
No injuries were reported. pic.twitter.com/SLOsnvZnpH
— Oli London (@OliLondonTV) March 14, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…