(Видео) Се огласија и од нацистичкиот баталјон Азов: Минирањето на Кримскиот мост е пријателски совет да го напуштите Крим!
Рано утрово експлозија одекна на Кримскиот мост кога експлодираше камион и запали седум цистерни со гориво.
Руски сенатори ја обвинија Украина за нападот и изјавија дека ова е објавување на војна со терористички чин, а кратко потоа советникот на Зеленски, Михаил Подољак на Твитер призна дека Украина стои зад нападот и дека ова е само почеток.
На уривањето на мостот ликуваат и од нацистичкиот баталјон Азов во чиј Телеграм канал беше објавено видео од мостот со порака:
– Всушност, минирањето на мостот е гест на добра волја од страна на Украина. Пријателски совет да го напуштите Крим додека сè уште постои таква можност. Специјално за ова, ви остана дури и една лента! Не мора да се заблагодаруват, пишуваат од Азов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…