(Видео) Се скараа Вучиќ и Косовски новинар – драма во Брисел
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на конференција за медиуми, новинарот Куштрим Садику го праша дали ќе ја признае независноста на Косово. Ова прашање го изнервирало претседателот на Србија, кој лошо реагирал, пренесува Газета10.
Новинарот Садику: Имам прашање, дали сте подготвени да ја прифатите независноста на Косово како компензација за Заедницата?
Вучиќ: Ја знам Повелбата на ОН и резолуцијата 1244, која е од големо значење. Ова е основата на меѓународниот правен поредок. Сигурен сум дека вие како многу паметна личност го разбирате ова.
Новинарот Садику: Но, вие сте во дијалог.
Вучиќ: Многу сум подготвен
Новинарот Садику: Ве прашувам дали сте подготвени за компензација со Заедницата?
Вучиќ: Компромиси, има многу. Но, не видов дека вашата страна се обидува да испорача нешто за она што го потпишаа пред 11 години.
Новинарот Садику: А што е со Заедницата?
Вучиќ: Во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство, српската страна даде многу во однос на судството, обвинителството, регионалната полиција, регистарските таблички, личните карти и се останато. Но вие не направивте ништо друго освен мачење и тероризирање на Србите, дури и депортирање. Не ти, ниту некој новинар, туку Албин Курти и неговите луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…