Објавено на:

(Видео) Се судрија полицијата и студентите: Инциденти на протест во Атина

t

Најмалку десет лица се повредени, меѓу кои и еден новинар во сериозните инциденти што денеска се случија пред грчкиот Парламентот во Атина за време на протестот на студентите против законот за приватните факултети.

Инцидентите започнаа кога дел од студентите се обидоа да се доближат до Споменикот на Незнајниот јунак пред Парламентот, по што полицијата интервенираше со солзавец и шок бомби.

Инциденти со молотови коктели, солзавец и шок бомби се случија во центарот на Атина пред грчкиот Парламентот за време на протестот на студентите против законот за приватните факултети.

Следеа десетици молотови коктели, камења и разни предмети од демонстрантите кон полицајците, кои интервенираа со солзавец и шок бомби, но и со пендреци, при што беа повредени студенти.

По инцидентите протестот продолжи, а студентите остануваат пред грчкиот Парламентот, каде што е во тек расправата за законот за приватните факултети што ќе се гласа вечерва.

На денешниот протест, според процените од полицијата учествуваа над 20.000 лица, а во Атина пристигнаа студенти од студентски здруженија од цела Грција.

Законот на Министерството за образование за „Зајакнување на државниот универзитет – рамка за работа на непрофитни оддели на странски универзитети“, се очекува да добие зелено светло само од пратениците на владејачката Нова демократија.

На почетокот на февруари министерот за образование на Грција Кирјакос Пиеракакис претставувајќи го предлог-законот соопшти дека недржавните и непрофитни Универзитети од септември 2025 година ќе почнат со работа, а приемот на студентите ќе се врши исклучиво преку државните испити.

Од почетокот на јануари, секој четврток студентите и учениците одржуваа протести против отворањето приватни факултети, а и денеска, уште еднаш порачаа дека високото образование мора да остане државно и бесплатно.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

Бебе пронајдено во кеса за ѓубре во…

Шестмесечно бебе попладнево било пронајдено во црна…

ХАОС во Грција, улици полни демонстранти за…

Синдикатите што ги застапуваат работниците во секој…

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…

Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…