(Видео) “Се уште се соочуваме со руски хибридни закани”, се пожали македонската делегација на Самитот на НАТО

t

Македонија постојано се соочува со хибридни закани од Русија, рече претседателот Стево Пендаровски на почетокот на Самитот на НАТО што се одржува во Мадрид.

„Во врска со НАТО Алијансата, оваа војна во Украина, испровоцира и пошироко хибридни закани со кои сме соочени во последните 4 години. Зборувајќи особено за Северна Македонија можам да ви кажам дека се соочуваме со вакви хибридни закани кои доаѓаат од Руската федерација уште од 2018 кога го имавме референдумот за прашањето со името кое го сменивме за да станеме членка на НАТО“, истакна Стево Пендаровски.

Ги спомна и слабите точки на Западен Балкан кои можат да бидат причина за дестабилизација на регионот.

„Има неколку слаби точки во регионот, знаат сите, на север во Косово, Република Српска, слаби точки за кои сме најпретпазливи, не само земјите од Западен Балкан туку сите западни земји сојузнички треба да внимаваат многу за овие слаби точки, во спротивно, од некаде може да започне дестабилизација на целиот регион“, посочи Стево Пендаровски.

Русија претставува “директна закана“ за безбедноста на земјите на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, кој на почетокот на Самитот зборуваше за важните одлуки кои ќе се преземат во време на опасен и конкурентен свет.

„Ќе се согласиме со Стратешкиот концепт на НАТО за да ја обезбедиме иднината, ќе ја јакнеме и натаму нашата одбрана со повеќе сили, готовност и посилна способност. Ќе се увериме дека Алијансата е добро опремена за соочување со новите предизвици на безбедноста. Ќе го зајакнеме партнерството со блиските соседи и со целиот свет. Ќе покажеме дека вратите на НАТО остануваат отворени за Шведска и Финска да станат членки на Алијансата“, вели Јенс Столтенберг.

Инаку, на овој Самит делегацијата на Македонија ја предводи претседателот Пендаровски, а тука се и министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Петровска на Фејсбук напиша дека овој Самит на НАТО е историски за справување со главните предизвици, притоа наведувајќи дека фокусот е на зајакнување на долгорочната превенција и одбрана на НАТО, лансирање на Стратешкиот концепт на НАТО 2030 и зачувување на единството на трансатлантската солидарност на Алијансата.  Шефот на дипломатијата,  Османи објави фотографија на која се гледа како му честита на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу за поддршката за членството на Финска и Шведска во НАТО!

Извор: ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

И директори на МТВ во македонската делегација…

На политичката сцена во Македонија се уште…

Кулеба: Украина не може да чека уште…

Ветувањето дека Украина ќе стане членка на…