(Видео) Си легнаа на брашното и не се кубеа за коса: Џафери ја отвори конститутивната седница, присутни беа и министрите на ВМРО-ДПМНЕ
Премиерот Талат Џафери денеска ја отвори конститутивната седница на новоформираната преодна влада честитајќи им го изборот на сите министри. Тој на почетокот на седницата им порача на министрите да не ставаат слушалки за превод бидејќи воведното обраќање ќе го прочита на двата јазика. Џафери се обрати прво на албански, а потоа и на македонски јазик.
„Отворањето на седницата на почетокот ќе го водам на двата јазика, нема потреба од слушалки, зашто ќе го кажам истото. Ви посакувам добре дојде во владата на Македонија на првата конститутивна седница на преодната влада на С Македонија. Пред да преминеме на усвојување на дневниот ред, на сите членови на Владата, во мое лично име би сакал да ви честитам на изборот и да ви посакам успешна работа и соработка. Пред нас е една клучна задача – подготовка на фер и слободни избори во демократска атмосфера. Во тоа имаме обврска да соработуваме и со Собранието и со ДИК, и со мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, со ЕУ и САД за да обезбедиме највисоки европски стандарди во изборната кампања и самите избори за граѓаните слободно да ја изразат својата волја“, им се обрати Џафери на министрите.
Тој изрази очекување дека сите членови на владата посветено ќе работат во интерес на граѓаните.
„Тука сме и да обезбедиме редовно функционирање на институцијата, соработка и инклузивност. Од оваа влада очекувам ефикасност и таа да е во функција на интересите на граѓаните, транспарентна и отчетна. Очекувам сите членови на Владата да го вложат целото свое знаење и искуство и посветено ќе работат во интерес на граѓаните и сите предизвици пред нас ќе ги надминеме заедно,отворено и професионално. Ви посакувам многу успех во работата“, рече премиерот Џафери.
На конститутивната седница на преодната влада, присутни беа и министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за внатрешни работи Панче Тошковски и за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата сузби дива плантажа за марихуана
Министерството за внатрешни работи откри дива плантажа…
Седумдесет лица се убиени во последните израелски…
Вкупно 70 лица беа убиени во израелските…
Трамп не сака да врши притисок врз…
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе…
Финансии не дава согласност за негувателки во…
,,Министерството за финансии цел месец не дава…
Возач летал со 190 на час на…
На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот…