(Видео) Скандал за време на прес-конференција на Ле Пен: Жена покажа слика од Ле Пен и Путин во форма на срце

t

Прес-конференцијата на француската кандидатка за претседател Марин Ле Пен беше прекината откако жена од публиката подигна плакат со фотографија на Ле Пен и Путин во форма на срце, пренесува Ле Монд.

Станува збор за фотографија од средбата на Ле Пен и Путин од 2017 година во Париз за време на прес-конференцијата по повод нејзината претседателска кандидатура. Обезбедувањето веднаш ја соборило жената на под и таа била исфрлена од салата во која Ле Пен зборувала за голем број актуелни теми.

Пред да почне конференцијата во Париз, демонстрантите ја пречекаа Ле Пен пред зградата, извикувајќи дека „Путин е убиецот“ и дека „Ле Пен е соучесник на Путин“.

Се смета дека Ле Пен отсекогаш ја поддржувала политиката на Путин, толку многу што во Европскиот парламент ја нарекувале „Мадам Путин“.

Ле Пен, ветила дека ако победи на претседателските избори ќе ги повлече вооружените сили од командата на Северноатлатнската Алијанса.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…