(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од Косово, Гаши со службено возило оди по невестата, блокирал цел граничен премин!

t

Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во Македонија, особено сега кога речиси никој не реагира на низата шерифски испади на спикерот Африм Гаши, кој овојпат е уловен како оди на свадба со службеното возило.

Индекс објави видео на кое се гледа службениот автомобил на Африм Гаши во колона свадбарски возила, а во описот на видеото пишува „Африм Гаши со службен автомобил оди да ја земе невестата“.

Како што дознава Инфомакс, Гаши со службеното возило патувал надвор од државата, односно во Косово, каде со свадбарска колона бил по невестата, а за тие комотно да го поминат „Блаце“ целиот граничен премин бил блокиран.

Видеото е споделено пред околу еден час и засега нема реакција од официјалните лица кои би требало да спречат злоупотреба на државните возила.

Службените возила се употребуваат со патен налог, особено во ваква ситуација каде се излегува надвор од државата, а во налого функционерот треба да образложи зошто е употребено возилото, за која намена, колку време траело патувањето и колку тоа нѐ чини сите нас.

Во случајов, вицепремиерот за добро владеење, кој не знае македонски јазик, би требало да го опомени функционерот и треба да го извести премирот и да бидат преземени соодветни мерки.

Би требало да реагира и Државната комисија за спречување на корупција, како што реагирала во многу наврати претходно, а би можеле еднаш и коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да го прекорат и санкционираат Африм Гаши, на кого ова не му е прв инцидент.

Претходно Инфомакс ексклузивно објави дека Гаши го испратил своето обезбедување на скопскиот аеродром за да ургира за Вјоса Османи да го помине скопскиот аеродром без проверка на багажот. Тогаш обезбедувањето на Гаши со репетиран пиштол на глава им се заканувало на македонските полицајци, а за настанот одговорност (веројатно) ќе понесе службеникот од МВР кој му е обезбедување на Гаши, но спикерот и понатаму останува недопрен за неговото шерифско однесување.

Во двата случаи Африм Гаши ја злоупотребува службената положба и овластување, но никој не собра храброст да реагира. Ниту МВР поднесе кривична пријава, ниту Мицкоски или Максим Димитриевски, или било кој друг од владејачкото мнозинство реагираше.

Епа народе, плативме и за да земат невеста од Косово, како што плативме прошетка во Вашингтон, па нека се гоштеваат од наш џеб кога никој не мрда со прст…

ЛИНК од видеото

А во продолжение прочитајте и:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од…

Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во…

Пронајдено оружје користено при нападот во Бањска…

Косовската полиција објави дека денеска во Бањска…

Османи распиша парламентарни избори во Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи најави редовни парламентарни…

Османи: Изјавите на портпаролот на Европската Унија…

Косовската претседателка смета дека евентуалните разговори со…

Ветеран на ОВК: Блерим Рамадани е овде…

Откако поранешниот припадник на ОВК, Бљерим Рамадани,…