(Видео) СКАНДАЛ: Роналдо удри момче со аутизам по ужасниот настап на неговиот тим
Најголемата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо направи вистински скандал откако удри аутистично дете и му го скрши телефонот по ужасниот настап на неговиот тим.
Полицијата почнала истрага за целиот случај на „Гудисон парк“, по што ќе биде побарана изјава од Роналдо, а засега не е познато дали мајката ќе поднесе тужба против португалскиот фудбалер, иако има шпекулации за такво нешто.
Момчето ги снимало сите играчи на Јунајтед додека одат кон соблекувалната, исто како и многу фанови околу него, а потоа Роналдо го шокираше со потег.
Португалскиот фудбалер, очигледно бесен од поразот, го видел мобилниот телефон и го удрил момчето по раката со која го држел. Мобилниот телефон паднал на подот и се скршил, оставајќи го момчето со модринка и десетици шокирани обожаватели околу него, јавуваат медиумите.
Мајката на момчето веднаш по средбата дала изјава за „Liverpool Echo“, откривајќи дека момчето Џејкоб е аутистично и дека ова му е прв натпревар во животот што го гледал во живо, па како сувенир снимил сè околу него.
По ова, тој се извини на социјалните мрежи.
-Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во вакви тешки моменти. Секогаш треба да имаме почит, трпение и да бидеме пример за сите млади луѓе кои ја сакаат оваа игра. Би сакал да се извинам за мојот испад и да го поканам навивачот да биде мој гостин и да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј, напишал Роналдо на Инстаграм.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Го прашаа Ибрахимовиќ, кој е подобар, Меси…
Златан Ибрахимовиќ, легендата на Милан и консултант…
(Видео) Kaрлеуша се запозна со Георгина на…
Јелена Карлеуша и Ѓорџина Родригез се запознаа…
Австралија им се извини на жртвите од…
Скандалот со талидомид е „едно од најтемните…
Скандалот Онкологија „метастазира“ и во соседството?
Од обвинителството потврдуваат дека преку каналите за…
Во понеделник повторно протест за скандалот со…
Почитувани, Повторно Ве повикуваме на протест во…