(Видео) Скопје добива пречистителна станица! Медарите останаа без теглата, а од Европската инвестициона банка демантирани наводите на Мицкоски дека Арсовска го загрозила проектот

t

Сето она кое требаше да се заврши се заврши е завршено сега транспарентно, квалитетно без никакви политички и партиски влијанија и токму онака како што треба за граѓаните на Скопје да добијат еко-капитален проект кој што е од клучно значење за животната средина, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска по поптишувањето на договорот за финансирање на изградбата на пречистителната станица на реката Вардар.

Односите помеѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска го допреа дното токму кога градоначалничката на Град Скопје ги фати како што изјави таа „со рачињата во медот“ раководните кадри во Водовод и канализација.

Калимерата помеѓу двете страни се расипа откако беше откриен обидот за местење на тендер за изградба на оваа пречистителна станица од страна на претходниот директор на Водоводот, Златко Перински кој своевремено беше шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Неофицијално тогаш излегоа податоци дека Мицкоски фаворизирал во тендерската постапка за изградба на пречистителна станица австриска фирма, ќерка на ЕВН.

Откако Арсовска го разреши Пирински следеа обвинувања од Мицкоски и неговите соработници дека градоначалничката го нарушила процесот и дека постои можност никогаш да не се изгради пречистителната станица, а Македонија да го изгуби грантот од ЕУ вреден 70 милиони евра, но и да го изгуби финансирањето од Европската Инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој.

Во однос на обвинувањата пред неколку месеци од страна на опозицијата дека е нарушен процесот од градоначалничката Арсовска за изградба на прочистителна станица на Вардар, денес приситигна и потврда од претставници на Европската Инвестициска банка дека такво никогаш нешто не се случило.

Според Арсовска проблем немало во понатамошната постапка бидејќи проблемот со промената на раководните стуктури во Водовод бил исечен во корен и шест месеци подоцна целата постапка е успешно завршена.

-Слушнав и едно прашање додека траеше прес-конференцијата дека некој кажувал дека нема проблем да како што слушнавте од одговорот на заменик претседателката ЕИБ дека нема проблем ќе ви кажам дека нема проблем затоа што не дозволивме да има проблем. Шест месеци подоцна, јас ве повикувам сите вас на следната прес-конференција кога ќе отидете во партискиот штаб на оние кои инсинуираа некакви турски фирми каде се турските фирми, каде се турските инвеститори. Истите оние кои на прес-конференции кажуваа дека бугарски автобуси ќе возат по скопските улици да одите да ги прашате каде се тие автобуси. Многу прашања, многу инсинуации, многу навреди сега гледате дека се разобличуваат и доаѓаме до тоа дека процесите се завршуваат транспарентно чесно и одговорно, онака како што треба, вели Арсовска.

Потврда дека брзата реакција на Арсовска тогаш вродила со плод и спречила натамошно проблеми пристигна и од заменик претседателката ЕИБ, Љиљана Павлова која посочи дека процедурите и постапката во целиот процес се запазени и нема никакви проблеми.

-Eвропската инвестициона банка е водечкиот финансиер на овој проект и мора да ги следиме процедурите и процесот. Она што можеме да го кажеме е дека тендерската постапка е завршена успешно и нема проблеми во процесот. И има зелено слетво за процесот за изградба и надзор од страна на Водовод и канализиација. И нема никакви проблеми, вели Павлова.

Третирана вода со врвен квалитет, според европските стандарди и заштеда од протекување до 70 отсто, ќе овозможи пречистителната станица во Скопје што ќе се гради со грант од ЕУ, вреден 70 милиони евра.

Како што беше кажано, проектот ќе овозможи подобри услови за живот за околу 540 000 луѓе и е најголемиот досега кај нас во секторот животна средина. Имплементатори се Градот Скопје и ЈП „Водовоод и канализација“.

По денешното заокружување на финансиската рамка, останува уште да се завршат процесот на експропријација и урбанистичко-ппланската документација со Градот Скопје и Општина Гази Баба, како и да се потпишат договорите за градба и надзор од страна на ЈП „Водовод и канализација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Подготвени сме за директен напад од…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел…

Тајмс оф Израел: Иран го напаѓа Израел…

Иран лансираше десетици беспилотни летала камикази кон…

(Видео) Пендаровски: Мицкоски се плаши да не…

Пендаровски му одговори на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,…

Груби: Гласовите на ДУИ во вториот круг…

Артан Груби во интервју на ТВ Сител…

Хорор свадба во Узбекистан: Затруени се 53…

На свадба во регионот Бухара во Узбекистан…