(Видео) Скопје завиено во чад: Гори депонијата во Визбегово – ветрот брзо го разгорува пожарот!
Дебел црн чад се шири кон Скопје откако утрово се разгори нов пожар во главниот град. Според првичните информации, станува збор за запалена депонија кај Визбегово, која од ветрот брзо се разгорува.
Од Центарот за управување со кризи известија дека до 7 часот утрово изгаснати се 22, а активни се седум пожари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин.
Владата вчера донесе одлука за прогласување кризна состојба од 30 дена заради зголемена појава на пожари.
Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институциа: Армијата, полицијата, противпожарната заштита, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресусрси, човечки, технички, логистички, се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, рече портпаролката Марија Митева, додавајќи дека Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја, со цел спречување на поголеми последици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Скопје завиено во чад: Гори депонијата…
Дебел црн чад се шири кон Скопје…
Откриена тајна снимка: Трамп му се заканил…
На површина исплива шокантна аудио-снимка од приватен…
Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде…
Сега откако цела Македонија виде ДЕКА ТИ…
(Видео) Тежок е пожарот кај Николич, најкритичен…
Хеликоптер на МВР учествува во гаснењето на…
Европратениците денеска ќе гласаат за Извештајот за…
Европскиот парламент денеска во рамки на овонеделната…