(Видео) Снема струја среде операција на срце во болница во Киев
Вчерашниот насилен руски ракетен напад врз Киев им предизвика големи проблеми на лекарите кои беа принудени да работат во моменти кога снема струја во голем дел од градот.
Во Киевскиот институт за срце, персоналот бил среде операција на срцето кога снемало струја. Биле принудени да ги вклучат генераторите за да можат да продолжат со операцијата од која зависел животот на пациент.
Борис Тодуров, директор на болницата вели дека се спасени сите 190 пациенти на Институтот.
„Неколку часа сме без вода. Се снаоѓаме, но како одминува времето станува сѐ потешко. Продолжуваме да правиме само итни операции“, објави тој заедно со видеото од операцијата што се одвивала во делумна темнина под светлината на рачни светилки.
https://www.facebook.com/natali.demchuk/videos/623813279492754
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неделков: Изјавата на министерката за платите не…
Изјавата на министерката за образование и наука…
Три лица од Турција нападнати кај кањонот…
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје,…
Карапејовски: ЗНАМ ќе го оформи ставот за…
Пратеникот Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ „За…
Мелони го повика Иран да избегне ескалација…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во телефонски…
Зеленски: Украинската армија знае да изненади
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ја…