Објавено на:

(Видео) Со секири и чекани сред бел ден ограбуваат златарница во Лондон и бегаат со џип

t

Драматична снимка од вооружен грабеж кој се случил вчера околу пладне во златарница во Лондон, е објавена од британските медиуми. На видеото се гледаат маскирани бандити, кои пред очите на многубројните минувачи, со секири и чекани го кршат излогот на продавницата за накит, ги полнат торбите, по што мирно влегуваат во црн џип „Мерцедес“ и тргнуваат, но кусо потоа запираат, а четвртиот член од бандата трча кон возилото.

Разбојниците по грабежот се обиделе да ги сокријат трагите, напуштајќи го џипот и влегувајќи во „Порше“. Но, полицијата цело време ги следела од хеликоптер. Тие набрзо се судриле со автомобилот, по што продолжиле да бегаат пеш, пренесува „Дејли Мејл“.

„Црниот џип е пронајден напуштен, додека сребреното „Порше 911“ исто така е пронајдено напуштено, откако учествувало во судир на патот Вајтхол во Лидс. Се претпоставува дека двете возила се украдени. Двајца мажи се уапсени и моментално се во притвор“, соопшти полицијата во Западен Јоркшир.

Очевидец откри детали од полициската потера.

„Разбојниците се поделија во две групи и менуваа автомобили, но хеликоптерот веќе беше кренат. Сребреното „Порше“ се судри пред мојата фирма, возачот побегна, но набргу го фатија“, им раскажал тој на медиумите.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

24 години затвор и хемиска кастрација за…

Кинески студент кој дрогирн силувал десет жени…

САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…

Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…

(ВИДЕО) Ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“…

На фејсбук-страницата на манастирот е објавена и…

Москва: Лондон ќе добие одговор доколку ја…

Русија ја предупреди Велика Британија дека Лондон…

Следната недела Лондон ќе биде домаќин на…

Британскиот премиер Кир Стармер ќе биде домаќин…