(Видео) Спасени сме – Ангелов пронајде опасна шахта во Аеродром

t

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов од терен уште еднаш упати апел до ЈП Водовод и канализација на Град Скопје за итно преземање на соодветни мерки во врска со отворената шахта спроти ТЦ Скопјанка, која претставува опасност и ризик од загрозување на безбедното движење на граѓаните.

Потсетуваме дека преку социјалните медиуми до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов минатата седмица добиена е пријава од граѓани за две отворени шахти во општина Аеродром – едната спроти ТЦ ,,Скопјанка”, а другата веднаш после подземен премин, на бул. ,,К.Ј – Питу”, зграда бр. 28 (пред ,,Спортлајф”).
ЦУК веднаш по пријавата ги извести ЈП Водовод и канализација на Град Скопје од каде добивме одговор дека и двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околните згради.
Бидејќи местото на кое се наоѓа отворената шахта е доста фреквентно, а во вечерните часови видливоста е значително намалена, повикуваме на итно санирање и решавање на овој проблем.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов: Најголем број од пожарите се предизвикани…

Вкупно 2.082 пожари евидентира Центарот за управување…

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна…

Во националниот парк Маврово, но и на…

Стоилов објави крај на репрезентативната кариера: Ми…

Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов вчера по…