(Видео) Спасовски: Да ја направиме заеднички Новата 2023 да ни биде посреќна, помирна и побериќетна! Не возете под дејство на алкохол
Министерот за внатрешни работи во новогодишната честитка до граѓаните апелираше да не се седнува зад волан доколку имате консумирано алкохол, да се почитува определената брзина на движење и да не се купува пиротехника за децата.
– Почитувани граѓани,
На прагот сме да ја пречекаме Новата 2023 година со нова надеж. И, секако, да ја испратиме 2022, како година на големи очекувања, уште поголеми предизвици и реформи во глобални рамки и, секако во национални рамки.
Што ни останува за идната 2023 година? Реформа на умот!
Да не седнуваме на волан ако сме консумирале алкохол или без поговор да ја почитуваме максимално дозволената брзина на патот, да не нудиме пари за нешто што е обврска на системот да ни го обезбеди, а доколку некој ни побара, тоа веднаш да го пријавиме во полиција. Не им купувајте пиротехника на вашите деца, доколку не сакате да бидете директно одговорни за загрозување на нивното здравје или животот. Доколку сте сведоци на криминално дејствие, пријавете го во најбрз можен рок.
За таквата реформа на умот зборувам. А сигурен сум дека можеме во тоа да успееме!
Нека биде тоа мојата заедничка новогодишна желба која ќе обезбеди позитивен инпут во Новата година, за да ни донесе безброј нови убави моменти кои заеднички ќе ги славиме. Нека биде тоа патеката кон светлата перспектива за државата која си ја посакуваме.
Да ја направиме заеднички Новата 2023 да ни биде посреќна, помирна и побериќетна! – напиша Спасовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…
Спасовски со пораки на Комитетот на министри…
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…