(Видео) Спасовски: Децата се наша иднина, да го направиме ова место подобар свет за нив
Децата се наша иднина, а наша обврска е да се погрижиме ниту едно дете да не биде лишено од основните човечки потреби и удобности. Заеднички да помогнеме да го направиме ова место подобар свет за нив, за да можат да живеат, а не само да преживеат, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објавата на Фејсбук која се однесува на креирањето на новиот Протокол за постапување со деца на улица.
– Ова го велам затоа што децата на улица се секојдневно повеќекратно изложени на ризикот да станат жртви на различни видови злоупотреба или занемарување поради условите за живот, отсуството на родителска грижа, заштита и контрола, како и лесната достапност за потенцијалните сторители на кривични дела.
Од овие факти бевме водени при креирањето на новиот Протокол за постапување со деца на улица, еден мултисекторски обврзувачки документ, кој дава насоки за дејствување на сите актери кои се занимаваат со деца и семејства, и од јавниот и од граѓанскиот сектор. Овој протокол е уште еден показател дека одлучно одбиваме да стигматизираме, а избравме да се грижиме и да се заложиме за еднаквост на децата на улица. Бидејќи, се додека секое дете на улица не е безбедно, ниту едно дете на улица не е безбедно.
Документот е изработен во соработка на МВР со МТСП, а со поддршка на канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации во државата, напиша Спасовски на Фејсбук.
ЛИНК од видеото
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Го чека ли Максим Димитриевски затворска казна?!
Две кумановски компании минатата година поднесоа кривична…
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…
Левица: МВР не демантира дека тендерот за…
МВР не демантира дека тендерот за партиски…
МВР демантира дека Тошковски го наместил тендерот…
„Во врска со написите на политичката партија…
Лажни полицајци претепале маж во Центар
„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…