(Видео) Спасовски и Дејвид Гир присуствуваа на презентацијата на ТЕТРА 4 системот
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Клубот на пратеници заедно со амбасадорот и шеф на делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир како и дел од раководството на МВР и канцеларијата на ЕУ, присуствуваа на завршниот настан на проектот – “Понатамошна надградба на ТЕТРА системот -ТЕТРА 4, финансиран со средства од националната ИПА програма за 2016 година, средства обезбедени од страна на Европската Унија. – информираат од Министерството за внатрешни работи.
“Спасовски во оваа пригода упати благодарност до амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир и претставниците на проектот на Европската Унија за континуираната поддршката и помош што нашата земја, но и МВР ја добиваат во насока на реформирање и модернизација на институциите, истакнувајќи пред присутните дека е завршен уште еден од низата капитални проекти од посебно значење за редовното постапување на припадниците на Министерството, при вршење на работите што се однесуваат на остварување на системот на државната и јавната безбедност.
“TETРA е дигитален европски стандард за мобилно радио, развиен од страна на индустриски експерти, заедно со Европскиот институт за телекомуникациски стандарди (ETSI) и важи за неприкосновен стандард за најсложените и најпрофесионалните корисници на радио комуникациите ширум светот.
Согласно последните информации, ТЕТРА стандардот се користи во над 120 земји на над 3,5 милиони уреди“, нагласи министерот Спасовски потенцирајќи дека кај нас ТЕТРА системот претставува единствен дигитален радио-комуникациски систем за јавната безбедност на национално ниво кој што го користи МВР но и на други институции со што, пак се овозможува заедничка меѓусебна комуникација и координација при извршување на задачи од безбедноста.
“Понатамошна надградба на ТЕТРА системот -ТЕТРА 4, претставува четврта и последна фаза од овој голем проект, од исклучително значење за МВР. Првите три успешно спроведени фази од ТЕТРА проектот, со вкупна вредност од 19 милиони евра, со средства обезбедени од страна на Европската Унија, а со четвртата и последна фаза од овој проект, кој беше имплементиран преку два договори, со вкупна вредност од 3.495.000 милиони евра, се направи надградба на националниот ТЕТРА телекомуникациски систем, со цел да се овозможи покриеност на територијата на Република Северна Македонија поголема од 90%.
Оттука, со реализацијата на оваа фаза може да констатираме дека зададените цели од почетокот на проектот се веќе остварени. Ова за нас претставува вредна инвестиција, што значително ќе ја зголеми ефикасноста на полицијата, ќе воведе нови стандарди во полициското постапување и е од исклучително значење за самите полициски службеници кои на терен добиваат софистицирана, доверлива и безбедна комуникација. И конечно, со имплементацијата на овој проект нашата полиција достигнува исто ниво со полициите на земјите членки на Европската Унија во однос на европските телекомуникациски стандарди“- констатираше министерот Спасовски.
Амбасадорот и шеф на канцеларијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир во оваа прилика рече:
,,Петнаесет години по започнувањето на овој проект и со вложена опрема од 22 милиони евра, Министерството за внатрешни работи сега треба да презентира напредни комуникациски алатки. Овој дигитален систем обезбедува безбедна и сигурна комуникација меѓу сите полициски служби, вклучително и единиците кои работат во поодалечените погранични области. Оваа опрема е слична на опремата што се користи во земјите членки на ЕУ. Радиокомуникацијата сега ја покрива речиси целата територија на државата. Многу е важно овој систем да се прошири за да се вклучат дополнителните служби за итна помош како што се брзата помош и противпожарните бригади,,.
,,Со ова полицијата ќе може подобро да се поврзе со другите служби при итни случаи како на пример при природни катастрофи. Оваа опрема наскоро ќе стане еден од најважните комуникациски канали на обединетиот Европски систем за итна помош Е-112. Придобивките за граѓаните се јасни: побрза реакција од полицијата и другите институции во случај на потреба, поголема општа безбедност и подобрено индивидуално чувство на безбедност.
Овој проект носи придобивки и за цела Европа, со оглед на стратешката локација во однос на главните европски коридори и канали на нелегални меѓународни активности. На тој начин дополнително го подобрува нашето партнерство“ рече амбасадорот на ЕУ, Гир.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…
Ни трага ни глас од скандалот на…
Ни трага ни глас од скандалот на…