Објавено на:

(Видео) СРАМОТА: Пред џамија во Стокхолм бегалец од Ирак со куранот бришеше чевли и стави сланина во книгата, а потоа ја запали

t

Бегалец од Ирак кој го запали Куранот, светата книга на муслиманите, пред џамија во Стокхолм, Шведска, предизвика контроверзии и бес во јавноста, објави anews.com.tr

Демонстрациите беа организирани од Салван Момика, 37-годишен бегалец од Ирак, кој претходно ја изрази својата намера да го искине и запали Куранот.

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан го осуди денешното палење на Куранот во Шведска.

„Го осудувам протестот во Шведска против нашата света книга на првиот ден од Бајрам, напиша Фидан на Твитер“, додавајќи дека е неприфатливо да се дозволат антиисламски протести во име на слободата на изразување.

Настанот се случи откако шведската полиција одобри одржување на протестот.

Околу 200 луѓе гледаа како еден од двајцата организатори на протестот ги кине страниците на Куранот, потоа си ги избриша чевлите со нив, па завитка сланината во нив и на крајот ја запали книгата.

Пред џамијата во Стокхолм имаше и лица кои протестираат против палењето на Куранот, извикувајќи „Алах акбар“ (Бог е голем). Еден од нив е приведен од полицијата кој се обиде да фрла камења врз Момика додека тој кинеше страници од Куранот, а на крајот ја запали книгата.

Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон изјави дека не сака да шпекулира како одобрениот протест може да влијае на процесот на влез на Шведска во НАТО.

Тоа е легално, но не е примерно. Верувам дека живееме во време кога е неопходно да се остане смирен и да се размислува за тоа што е најдобро за долгорочните интереси на Шведска, посочи Кристерсон.

Инаку Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска соопшти дека на 6 јули организира средба на високи претставници на Турција, Шведска и Финска, со цел да се обиде да ги надмине приговорите на Анкара за членството на Шведска во Алијансата.

„Сега е време да се прифати Шведска како полноправна членка на НАТО“, изјави Столтенберг.

Состанокот е последен обид на Столтенберг за Шведска да стане членка на НАТО на Самитот на Северноатлантската алијанса.

Министрите за надворешни работи, шефовите на разузнавањето и безбедносните советници од Турција, Шведска и Финска, која во април стана членка на НАТО, ќе учествуваат на разговорите во Брисел.

За членство во НАТО потребно е едногласно одобрување од сите земји-членки.

Турција ја обвинува Шведска дека е премногу мека кон групите кои Анкара ги обвинува дека претставуваат безбедносна закана, вклучително и курдски милитантни групи и поединци поврзани со обидот за пуч во Турција во 2016 година.

Шведскиот министер за надворешни работи Тобиас Билстром вчера изјави дека Стокхолм ги исполни сите услови што ги постави Турција за члнство во НАТО,

Билстром истакна дека со спроведувањето на новиот Закон против тероризмот, Шведска го исполнила последниот услов за влез во Алијансата, според трилатералниот договор меѓу Хелсинки, Стокхолм и Анкара.

Според Законот против тероризмот незаконски да се учествува во терористичка организација на кој било начин.

„Со ова го испочитувавме последниот дел од нашиот договор“, посочи Билстром.

Шведска поднесе барање за членство во НАТО по минатогодишната руска инвазија врз Украина, но нејзиното членство сè уште не е ратификувано од Турција и Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшно: Толпа во Пакистан извлече турист обвинет…

Толпа во Пакистан извлекла турист обвинет за…

Затворски казни до 15 години за ЛГБТК+…

Ирачкиот парламент денеска усвои закон со кој…

Ирак распоредува сили на границата со Турција

Ирачките гранични сили во четвртокот започнаа со…

Итна седница на Советот за безбедност на…

Советот за безбедност на ОН в понеделник…

Бела куќа: Исламски отпор во Ирак е…

САД веруваат дека екстремистичката организација Исламски отпор…