(Видео) СРАМ И АРАМ! Додека Македонија тагува, настан за дрифтање со 300 возила кај „Борис Трајковски“
Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ објави снимка од пред салата, каде што според него, се одржува настан за дрифтање со 300 возила. Кај него, пријавиле дека ќе снимаат спот. Од дрифтањето има десетина судири и штети.
„Срам и арам! На ваков тажен ден, кога цела земја плаче по 60 загинати деца, некому текнало да организира дрифт настан со над 300 возила, а пријавиле „снимање спот”. При тоа, причинети десетина судари и штети на паркингот на СЦ „Борис Трајковски”. Ова ниту сум го дозволил, ниту некогаш ќе го дозволам! Благодарност до МВР и ПС Карпош за брзата реакција и растерување на овие несовесни граѓани, по пријавата од мене како директор на СЦ „Борис Трајковски”. Апел до сите граѓани да ги почитуваме деновите на жалост и да се однесуваме најчовечки. Жртвите и нивните семејства заслужуваат спокој и почит“, напиша Апостоловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…