Објавено на:

(Видео) Српските студенти со видео-порака до властите на Србија

t

Студентските блокади се шират низ Србија по трагичното уривање на стреата на железничката станица во Нови Сад, што предизвика бран незадоволство и барања за поправедно општество, против корупцијата и насилството. Придвижувачи на овие блокади беа студентите од Факултетот за драмски уметности (ФДУ), а нивниот пример поттикна слични акции на најмалку 85 факултети низ Србија.

Студентите на ФДУ објавија видео со кое им се обраќаат на политичките функционери и оние кои ги напаѓаат по медиумите.

Насловната порака на видеото е „Не сте погласни од тишината“, и упатена е до власта и медиумите кои се обидуваат да го дискредитираат бунтот на студентите. На почетокот се слушаат изјави од претставници на власта, и обвинувања дека студентите дејствуваат „од политички причини“.

По тие изјави следи глетка од протест со илјадници луѓе и целосна тишина, проследена само со отчукување на срце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…