(Видео) СТРАШНИ СЦЕНИ ДОАЃААТ УТРОВО: Најмалку 27 лица загинаа, меѓу кои три деца во страшна експлозија во Русија
Во пожарот на бензинска пумпа во јужниот руски регион Дагестан досега загинале најмалку 27 лица, меѓу кои и три деца, јавија утринава руските медиуми, повикувајќи се на регионалните служби за итна медицинска помош.
Пожарот, што синоќа избувна во работилница за поправка на автомобили, на работ од автопатот во главниот град на Дагестан, Махачкала, предизвика експлозии што се проширија на блиската бензинска пумпа, соопштија официјални лица.
На видео објавено на Интернет се гледа еднокатна зграда во пламен, јавија британските медиуми. -Овде е како во војна, изјави сведок на настанот.
Бројот на повредени е зголемен на 66, од кои 10 се во критична состојба, јавија руските медиуми, повикувајќи се на рускиот заменик министер за здравство Владимир Фисенко.
Тринаесет од ранетите се деца, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на дагестанското Министерство за здравство.
На пожарникарите им требаа повеќе од 3,5 часа да го изгаснат пожарот, што се прошири на површина од 600 квадратни метри, јави Тасс, повикувајќи се на соопштение на руската служба за вонредни состојби.
NEW – Massive explosion and fire at a filling station in Dagestan, Russia, at least 12 killed, dozens injured
READ: https://t.co/hBFOV0MIwK pic.twitter.com/L4TkA6qgcc
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) August 14, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…