(Видео) Стрaшна бурa со денови дивее на Санторини
Силен град и дожд го поплавија грчкиот остров Санторини. Тесните улици се претворени во реки, аеродромот е критичен, а мештаните велат дека со децении не виделе толку многу снег на Кикладите.
Времето во Грција е невообичаено лошо оваа зима, а видеата и фотографиите од Санторини објавени на социјалните мрежи покажуваат дебел слој од градот на улиците на островот. Имаше и невообичаено ниски температури.
Rain and hail inundate streets of Santorini https://t.co/mGTpxjp58Q pic.twitter.com/S8GqCy3t7M
— Kathimerini English Edition (@ekathimerini) February 3, 2022
Во селата тесните улички се претворени во реки, додека состојбата е отежната на местата во близина на аеродромот. Мештаните велат дека последен пат вакво количество снег паднало на Кикладите пред неколку децении.
Санторини и Кикладите исто така се погодени од бурни ветрови
Бродовите во пристаништето Пиреја кои пловат кон островите Киклади во четвртокот останаа во пристаништето поради силните ветрови кои достигнаа јачина до 9 степени бофор.
Сирос, Наксос, Тинос, Андрос, Миконос, Санторини и други кикладски острови беа покриени со бел снег додека бурата Елпис ја погоди Грција, вклучувајќи го и копното. Обилните снежни врнежи предизвикаа многу проблеми на островите на кои им недостасува инфраструктура за справување со вакви временски непогоди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна бура ја зафати Европа: Загинати во…
Бурата „Киаран“ предизвика природни катастрофи низ Европа.…
(Видео) Најмалку девет лица загинаа во катаклизмично…
Најмалку девет лица загинаа, многумина од паднати…
Предупредување за бура во Британија: Службите го…
Британската метеоролошка служба денеска издаде ретко црвено…
Каде ќе паднат? Геомагнетна бура „уби“ 40…
Вселенската компанија „Спејс-екс“ лансирала 49 сателити на…
(Видео) Стрaшна бурa со денови дивее на…
Силен град и дожд го поплавија грчкиот…