(Видео) Судот ја потврди доживотната затворска казна за шефот на Коза ностра!
Судот во Калтанисета вчера ја потврди доживотната затворска казна на затворениот сицилијански нарко бос Коза ностра, Матео Месина Денаро, поради неговата вмешаност во десетици убиства, пренесува Анса.
Ова ги вклучува бомбашките напади во 1992 година во кои загинале судиите против мафијата Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Судот го прифати барањето на јавниот обвинител на денот кога Италија ја одбележува 31-годишнината од бомбашкиот напад на Виа Д’Амелио во Палермо во кој загинале Борселино и петмина членови на неговото обезбедување.
Шефот на Коза Ностра, кој бил во бегство 30 години, беше фатен во средината на јануари во клиниката за рак во Палермо. Тој сега се наоѓа во затворот со максимална безбедност во Аквила.
Покрај атентатот на Борселино и Фалконе, Месина Денаро бил осуден и за убиството на 12-годишно момче Џузепе ди Матео. Во 1993 година, тој помогнал да се организира киднапирање на 12-годишното момче за да го принуди неговиот татко да се откаже од сведочењето против мафијата. Тој го држел момчето во заробеништво повеќе од две години (800 дена), потоа го задавил и го растворил неговото тело во киселина.
Покрај тоа, Месина Денаро исто така бил осуден за бомбашки напади на верски и уметнички места во Милано, Рим и Фиренца во 1993 година, во кои загинале 10 лица, а 40 биле повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!
Земјотрес со јачина од 5 степени според…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…
Како што најавуваат градските власти на Венеција,…
(Видео) Шпанија подобра во дербито со Италија,…
Репрезентацијата на Шпанија минимално ја совлада селекцијата…