(Видео) Танте за кукурику: Пазар за уставните измени – предвремени избори за Бугари во Устав…
ВМРО-ДПМНЕ со барање за предвремени избори, Алијанса со барање за официјалнизирање на албанскиот јазик. Партиите утре одат на лидерска средба со свои барања и теми од интерес.
БЕСА се уште тактизира, од партијата велат дека утре еден час пред закажаната средба, лидерот Касами ќе одржи прес конференција на која ќе го соопшти ставот.
Засега Левица е единствената парламентарна партија која јасно кажа НЕ на поканата, со став дека за оваа тема, уставни измени партијата нема за што да разговара.
Во вакви услови, политичките аналитичари сметаат дека се многу мали шансите утрешната средба да резултира со консензус за уставните измени, но оценуваат дека е добар почеток за овој процес.
И Кржаловски и Арсовски се со став дека за да обезбеди мнозинство за промена на Уставот, власта има шанси да ги прифати барањата на опозициските партии.
На лидерската средба закажана за утре во 12 часот во Собранието, власта очекува да постигне консензус за европската иднина на државата и да обезбеди поддршка за иземни на Уставот, со оглед дека до овој момент, СДСМ и ДУИ заедно со сите останати албански политички партии располагаат со 74 гласови, или 6 пратеници помалку од неопходното дво третинско мнозинство.
Покрај ова, власта утре пред парламентарите партии ќе го презентира и пакетот законски измени неопходни за заокружување на европската агенда, со цел да обезбеди поддршка за нивно донесување и од опозицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…