(Видео) Таткото го донесе рудникот на раб на стечај, мајката со директорска плата од 3.000 евра, а синот лета со 185 км/час – Нема крај аздисаноста на фамилија Тоневски и ДПМНЕ во Пробиштип

t

Нема крај аздисаноста на фамилија Тоневски и ДПМНЕ во Пробиштип, скандал до скандал, вели денеска на прес-конференција Весна Ристовска, носител на советничката листа на СДСМ во Пробиштип за претстојните локални избори.


– Аздисаноста на функционерите од ДПМНЕ и членовите на нивните потесни семејства не престанува, напротив од ден на ден е се поизразена.
Синот на Тони Тоневски, е фатен како управува моторно возило марка ауди со 185км/ч, на место каде дозволена е брзина од 110км/ч.
Сведоци сме на грубо кршење на Законот и покажување сила и моќ од страна на фамилија Тоневски со години наназад.
Тони Тоневски е претседател на локалниот огранок на ДПМНЕ и актуелен кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на ДПМНЕ, а оваа функција ја има извршувано во два последователни мандати, од 2009 до 2017 година.
Тој, Тоневски, откако беше именуван за директор на рудникот „Булмак 2016“ по преземањето на власта од ДПМНЕ со плата од 5000 евра, остави многу фамилии на раб на егзистенција, бидејќи ги отпушти од работа, а на останатите рудари им ја намали платата.
Го доведе рудникот на раб на стечај, но си ја намести сопругата да биде Директор на Агенцијата за пошти со плата од 3000 евра.
Сега сведоци сме на грубо кршење на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и загрозување на животите на останатите учесници во сообраќајот од страна на неговиот син.
До кога вака?
Јавно го прашуваме министерот за внатрешни работи кој денес беше во Пробиштип:
Дали е постапено по случајот согласно сите законски надлежности?
Дали е вршено притисок и кој вршел притисок целиот случај да биде заташкан поради кандидатурата на Тоневски за градоначалник на Пробиштип од редовите на ДПМНЕ?
Дали ќе биде одземене возилото Ауди, кое секако е купено со парите на граѓаните, и на која институција или градинка ќе биде предадено, бидејќи така постојано говори министерот Тошковски? – вели Ристовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Таткото го донесе рудникот на раб…

Нема крај аздисаноста на фамилија Тоневски и…

Бучковски: Резолуцијата на СДСМ е храбар чекор…

Резолуцијата на СДСМ е чекор за надминување…

Скринингот кој го побара СДСМ покажа дека…

Скринингот што го побара СДСМ, по пожарот…

СДСМ го доби бројот 5, ВМРО-ДПМНЕ 9,…

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржа…

СДСМ: Дали Росица му праќала пораки на…

“Очајно ми треба помош” – напишала младата…