(Видео) Тензии во Црна Гора: Се гласа недоверба на Владата – засилено полициско присуство околу Парламентот

На одделни вонредни седници пратениците во црногорскиот Парламент треба да расправаат за предлогот на Владата за скратување на мандатот на Собранието и за предлогот на опозицијата и Црно-белата коалиција да и се изгласа недоверба на Владата на Здравко Кривокапиќ.
Седницата на која треба да се расправа за скратувањето на мандатот на Собранието е закажана за 10 часот, но доцни, а гласањето недоверба на Владата е закажано за 11 часот.
Пратениците во црногорскиот парламент вчера не расправаа за разрешување на вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, откако дневниот ред не ја доби потребната поддршка.
Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ изјави дека знае дека повеќе нема да биде премиер бидејќи црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ се договорил со дел од владата.
Синоќа се одржа протест пред зградата на Собранието во Подгорица, од кој на пратениците им порачаа дека доколку не се почитува народната волја, протестите ќе продолжат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во денови на жалост Владата троши 400…
22 милиони 857 илјади и 961 денари…
(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…
Радио МОФ објави снимка на која се…
Нема веќе молк, нема повеќе страв –…
Нема веќе молк, нема повеќе страв -…
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…
Владата на Република Македонија преку соопштение упати…