(Видео) Тепачка на натпреварот Вардар-Башкими
Фудбалерите на Вардар запишаа минимална, но значајна победа од 1-0 против екипата на Башкими во рамките на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига. Иако голот на Стефан Цветковиќ ја направи разликата на теренот, финишот на средбата помина во сенка на неспортски сцени и за малку избегнат поголем инцидент.
Цветковиќ прецизен пред паузата Натпреварот започна со цврста игра на двете страни, но „црвено-црните“ беа тие кои успеаја да ја искористат својата шанса во најдобриот можен момент, објави 4news.mk Човек на одлука беше српскиот интернационалец Стефан Цветковиќ, кој во самиот финиш на првото полувреме ја затресе мрежата на гостите за водство од 1-0.
Овој погодок му овозможи на Вардар со предност да замине на одморот, но и психолошка предност за продолжението.
Во второто полувреме гостинската екипа на Башкими тргна по израмнување. Имаа неколку сериозни налети и се обидуваа да го скршат отпорот на вардарци, но одбраната на домаќините остана на висина на задачата. Вардар успешно ги неутрализираше нападите и ја чуваше минималната предност, чекајќи шанса од контранапад.
Наместо мирен крај, последните минути од средбата донесоа зовриена атмосфера. Клучниот момент за ескалација на страстите беше црвениот картон на стоперот на гостите, Реџеп Мурати.
По неговото исклучување, на теренот настана општа турканица меѓу фудбалерите на двете екипи. Тензиите беа на раб на масовна тепачка, но по неколкуминутен хаос, ситуацијата беше ставена под контрола, по што судијата означи крај на овој тензичен дуел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Тепачка на натпреварот Вардар-Башкими
Фудбалерите на Вардар запишаа минимална, но значајна…
Доколку фирмата што ги ангажирала за работа…
– Лицата кои работеле во странство нема…
Фицо се закани: Ќе ја сопреме струјата…
Словачкиот премиер Роберт Фицо се закани денеска…
Мицкоски за истрагата за марихуаната вели дека…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има…
МОН со честитка за 21 Февруари –…
„Јазикот е најсилното идентитетско обележје на секој…