(Видео) Тодоров: Клиничкиот центар е национален проект, најголема грешка беше стопирање истиот!

t

Причината зошто Македонија и Скопје досега не добија нов клинички центар е многу едноставна, се поништи договорот кој беше склучен, а одамна клинички ќе беше изграден и во еден дел и веројатно амортизиран, објаснува во денешната епизода на МРЕЖА, поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

-Договорот беше потпишан, 45 месеци беше рокот за изградба на клиничкиот центар на постојната локација, просторот беше обезбеден, проектот направен, со ревизија, со се, надзорот требаше да се заврши и за неколку месеци ќе започнеше градбата и клиничи досега одамна ќе беше пуштен во употреба, вели Тодоров.

На прашањето зошто проектот е прекинат Тодоров вели дека не ја знае причината но знае дека тоа е голема грешка.

Не знам зошто, ама знам дека направија голема грешка. Кога во една прилика на некои пратенички прашања тогашниот премиер Заев кажа дека клинички ќе продолжи да се гради на сегашната локација јас реков добро е, ова е историски проект кој надминува една влада, ова е национален проект и добро е што една влада го почнала, друга ќе го доврши, но ќе биде во функција на граѓаните.

Што се случи потоа, кој ги убеди дека не треба таму да се гради клиничкиот центар, дека е тоа лоша локација не знам но тоа е една од најголемите грешки. Ако веќе гледате кој го почнал, физибилити студијата е почната уште пред јас да бидам министер. Јас го почнав и во мое време го завршивме проектот, го склучивме договорот со Банка на Совет на Европа, во соработка со нив се објави тендер, се потпиша договорот. Административната процедура се заврши од една влада, градбата ќе се завршеше во време на друа влада. На крајот на денот, па кој ќе се сеќаваше дека ние сме ја завршиле административната процедура?

На церемонијата за потпишување на проектот јас ги поканив и Заев и Груевски, ви реков, тој проект надминува една влада и треба сите, барме кон една добра работа да се обединиме, да се направи нешто.

Тотално погрешно е клиничкиот центар да се гради надвор од градот, сите најголеми клинички центри се во поширокото централно градско подрачје во скоро сите градови во светот. Тоа беше одлично обмислено, со две катни гаражи, со сервисна улица на Водњанска, со нов парк, се рушеа овие сите нови стари згради. Ќе се отвореше одличен простор, еден мини-парк во Ценар блиску до клиничкиот центар, една сервисна улица само за амбулантни возила и итни случаи и две катни гаражи и тоа комплетно ќе го решеше хаосот на клинички.

Тие забораваат, Водњанска е булевар, ако го градиме клиничкиот центар надвор од Скопје ќе треба да се направи и булевар. Овде имаш гас, гасифициран е целиот клинички, клинички порано беше еден од најголемите загадувачи во Скопје, оџакот на клинички беше до детската клиника, се труеја децата, по една цистерна мазут дневно се трошеше. На друга локација треба да донесеш гас, вода, клинички е град во град, поголем од некои мали градови во Македонија, дневно има илјадници посетители, треба да се направи булевар и целата инфраструктура чини многу пари. И на крај медицински факултет, клинички без медицински факултет не е клинички, туку болница. И сега студентите и лекарите ги носиш надвор од градот, тоа е логистички проблем. Од целиот град во централно градско подрачје најлесно се стига, колку време треба од Драчево до Ѓорче да се однесе пациент, објаснува Тодоров кој откри дека присуствувал на дебата организирана од тогашниот министер Филипче во врска со клиничкиот центар:

-Една дебата организираше Венко Филипче на кој бевме повеќето поранешни министри и јас си стоев на ставот и тогаш дека лоша е идејата да се гради клинички центар на друг место, тоа е многу скапо и нема да се реализира и еве не се реализира.

Проследете ја неговата изјава во продолжение:

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…

Тепачка кај нотар во Центар за наследство

Две лица се степале во нотарска канцеларија…

„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

Герасимовски: МВР може да ги идентификува деликвентите…

Снимките од тинејџерите кои уништуваат игралиште во…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…