(Видео) Трагедија во Турција: Во експлозија во рудник загинаа најмалку 28 лица
Голем број рудари останаа заробени под земја по експлозија во рудник во близина на градот Амасра во Турција. 28 лица загинаа, а 11 лица се повредени.
Нуртај Арслан, гувернерот на провинцијата Бартин, каде што се наоѓа овој рудник, објави дека рударите се заробени под земја и дека „делумна експлозија се случила на надморска височина од минус 300 метри“ во рудникот за јаглен, јавуваат турските медиуми. Според првите информации на турските медиуми, под земја има десетици рудари.
Реџаи Чакир, градоначалникот на Амасра, изјави дека се извлечени 11 рудари, од кои шест се повредени, а потрагата по останатите е во тек.
Гувернерот Нуртај Арслан објави дека 44 лица се заробени на длабочина од 300 метри под земја, додека пет рудари се на длабочина од 350 метри. Бројот на затрупаните рудари може да биде поголем, бидејќи градоначалникот Чакир изјави дека 87 лица се под земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…