Објавено на:

(Видео) Трамп не застанува, овој пат пржи помфрит во Мекдоналдс!

t

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп пржеше и послужуваше помфрит во Мекдоналдс во Пенсилванија, а потоа одржи и импровизирана прес-конференција, одговарајќи на прашања од новинарите низ прозорецот за послужување.

Претходно, вработен му покажа на Трамп како се потопуваат корпите со помфрит во масло, а потоа на ред дојде поранешниот претседател на САД, кој после тоа спакува и храна за носење.

Всушност, потребна е голема експертиза за да се направи тоа правилно и брзо“, рече Трамп со насмевка.

Трамп го прави тоа и како начин да ја исмева и критикува Камала Харис, која за време на кампањата тврдеше дека работела во Мекдоналдс за време на студиите.

Тој без докази тврди дека тоа не е точно. Харис не кажа во кој конкретен ресторан или за која година работела во Мекдоналдс.

Трамп е долгогодишен љубител на брзата храна и неговиот персонал често зема храна од синџирот и ја служи во неговиот авион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трамп не застанува, овој пат пржи…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп пржеше и…

Осман Кадриу за Балансерот: Уставниот суд донесе…

Одлуката на Уставниот, според која произнесувањето на…

Трамп: Ако бидам избран за претседател, ќе…

„Мирот на Блискиот Исток е можен ако…

Ставот на Словачка останува непроменет-не го признава…

Словачкиот министер за надворешни работи, Јурај Бланар,…

Ахмети го свика Централното Претседателство!

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ),…