(Видео) Трајчулески: Со ребалансот се фаворизираат големите општини, на помалите општини ДПМНЕ ќе им даде трошки 

t

Со овој ребаланс на буџетот , јасно е дека Владата  во голема мера е конфузна и без визија, а единственото нешто што го слушаме  како алиби е дека нема пари во буџетот. Тоа е  класично алиби за покривање на недостаток на Владата  за испорака на реални резултати. Со овој ребаланс, граѓаните добиваат нови задолжувања, зголемување на јавниот долг за 68 % и буџетски дефицит од  4,9 %. Како главно достигнување во овие 30 дена мандат  е задолжувањето со Унгарија во износ од 500 милиони евра и најава за дополнителни 500 милиони евра.  Ова е кредит за кој постојат многу нејаснотии, односно во која постапка е постигнат договорот, тоа не го знаеме, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната расправа на Комисијата за ребаланс на буџет.     

Се поставува прашањето, дали сме се обратиле до други Влади и какви услови тие понудиле.  Дали постои политичка цена која треба да ја плати државата,  затоа што знаеме дека во економијата нема бесплатен ручек. Фактурата кога тогаш ќе ни стигне. ДПМНЕ да ги објасни детално сите овие нејаснотии според Законот за задолжување , кој треба да е доставен до собранието. Но, очигледно е политичкото, економското и кадровско потфрлање,  уште во првиот месец од владеењето”, рече Трајчулчески.

Тој се осврна и на поддршка на општините за кои со овој ребаланс се предвидени 100 милиони евра.  Распределбата на средства која ја планира ДПМНЕ,  е да ги фаворизира поголемите  и побогатите општини, за сметка на помалите и посиромашните општини.

„Значи  не може  да се земаат во предвид распределба на средства само по број на жители во општина, за распределба има други критериуми.   

На овој начин ќе се слеат  поголеми средства на оние општини кои имаат и свој средства  и кој  можат да имплементираат  сериозни инфраструктурни  проекти.  Додека на помалите општини ќе им дадат трошки.  И ова не оди во прилог на послабо развиените региони.  Ако еден од главните приоритети на Владата, како што кажуваше претходно,  е демографијата и создавање на достоинствени услови за живот на сите граѓани во нивните домови, тогаш нека се распределат средствата за инфраструктура на помалите општини”, рече Трајчулески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…