(Видео) Трипуновски: Мерката за субвенција за цената за јаболкарите да важи до 30 јуни 2022, да се субвенционира конзумното јаболко и да се обeштетат земјоделците за штeтитe од изминатите години

t

Денеска сум на средба со јаболко производителите од Ресен и ресенско. Разговаравме за актуелната состојба со откупот на индустриското јаболко за 2021 година. Од она кое што можам да го заклучам и сликава што ја гледате позади мене е дека оваа реколта тежи некаде околу 180 илјади тони јаболка, меѓутоа заради градот кој што ја зафати Република Македонија и овој дел, најголем дел од реколтата веќе се предава како конзумно, ова денеска преку изјава го истакна Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Согласно податоците кои што јас располагам до сега се откупени околу 40.000 тони на јаболка. Ова го кажувам затоа што онаа мерка на власта која што ја предвиди и веќе гледаме дека полека ја реализира по 3 денари од килограм едноставно нема ефект. Некои 20 до 25 проценти само до јаболкарите од ресенско ќе ја искористат оваа мерка и ќе можат да компензираат одредена загуба, останатите не можат да го направат тоа. Ова го кажувам затоа што сите оние мерки кои што ги предлага власта се делумно спроведливи и повеќе се политиканство и купување на политички поени, отколку реално што ќе го решат проблемот на јаболкото и земјоделците од овој дел на Република Македонија ќе ја имаат својата егзистенција како што заслужуваат. Сакам да упатам апел до власта од овде, од срцето на Преспа ако сака власта сериозно да им помогне на јаболкарите од овој дел на Република Македонија, мерката согласно првично важеше до 15 декември 2021 година да ја продолжи до 30 јуни 2022 година со што ќе ги опфати сите останати производители на јаболка кои што ќе го предадат својот род. Така што ќе бидат сите ставени во кругот кој што ќе имаат некоја финансиска помош, вели Трипуновски.

Тој додава дека дополнително, сакаме да побараме и апелираме до власта и оние јаболко производители кои што имаат конзумно јаболко и за нив да следува одредена финансиска помош затоа што цената во моментот на конзумно јаболко е од 7 до 8 денари, покрај тоа што откупот е слаб, цената е мизерна и затоа мора тука државата дополнително да стимулира затоа што треба едноставно треба да се покрие барем производната цена која што е околу 11,5 денари согласно пресметките.

-И трето, бараме власта да се охрабри и да најде средства да ги обештети земјоделците од овој дел на Република Македонија затоа што знаеме дека од штетите 2016та, 201та и 2021та година се уште ги немаат финансиските средства кои што ги очекуваат и претрпеа сериозни загуби во тој временски период кога се случија. Така да ова денеска што го упатуваме како апел се надевам дека ќе наиде на разбирање кај власта и ќе се одважи наместо да се трошат пари на луксуз, да се наменат за оваа категорија на земјоделци кои што се големи по број и кои што треба да ги задоволат своите животни потреби како населени, вели Трипуновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…