Објавено на:

ВИДЕО: Турција херојски обезбеди место во четвртфиналето на ЕП

t

епрезентацијата на Турција извојува многу важен триумф и ја совлада Австрија со 1-2 (0-1) во осминафиналниот натпревар на Европското првенство. Избраниците на Винченцо Монтела стигнаа до огромен успех и вторпат во историјата се најдоа меѓу осумте најдобри на континенталните собири.

Мечот започна со одличен ритам од Турците, кои веднаш ја шокираа Австрија и поведоа по само 58 секунди. Арда Ѓулер изведе корнер, топката долета во петерецот, каде одбраната реагираше несмасно, по што Мерих Демирал без проблем ја затресе мрежата од само 2-3 метри и донесе огромна радост за навивачите.

Австријците се обидоа веднаш да возвратат, но шансата на Сабицер не беше искористена соодветно. Турција играше дисциплинирано, делуваше дека е за нијанса подобра, додека ривалот имаше проблем со пренесување на топката и не можеше лесно да дојде до голот на Мерт Ѓунок. Двете селекции имаа уште по една солидна шанса во првите 45 минути, но Турција успеа да ја задржи минималната предност на паузата (0-1).

Австрија се обиде со силно темпо да го започне второто полувреме и веднаш имаше добра шанса за израмнување, но одбраната на Турција беше на потребното ниво. Веднаш потоа силно биеше и Марко Арнатуовиќ, кој првпат се обиде во рамките на голот, а Ѓунок не дозволи да се затресе неговата мрежа.

Продолжија Австријците со офанзивата, но во тие моменти Турците добија нов корнер, по кој Ѓулер нафрли уште една одлична топка, а Демирал по вторпат ја затресе мрежата и донесе двојна предност во 59. минута (0-2). Австрија не се предаде и тргна во напад, а тоа резултираше со помалку среќен погодок во 66. минута. Михаел Грегорич ја „закачи“ топката и намали на 1-2, носејќи возбуда и драма за остатокот од мечот.

Играта се разгоре, публиката беше сведок на притисок од Австрија на стартот од последните десет минути, но Турците во овие моменти успешно се бранеа. Беше јасно дека играчите на Ралф Рангник ќе тргнат со сите сили во напад, селекторот го освежи тимот со неколку добри замени, но до крајот на мечот Австрија не успеа да дојде до израмнувачки подогок и Турција го заокружи големиот триумф со конечни 1-2. Пред самиот крај голманот Мерт беше херој, затоа што спаси од самата гол-линија израмнување.

Славјето на Турците и Винченцо Монтела е повеќе од заслужено, затоа што оваа селекција вторпат во историјата избори пласман во четвртфиналето на Европското првенство, каде за противник ќе ја има силната Холандија.

h

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, денес се празнуваат…

Светиот свештеномаченик Евсевиј, епископ Самосатски Многу постигна…

Само во Македонија: Го вработиле како овчар,…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(62)…

Вардар потпишува со аргентински фудбалер

Доскорашниот фудбалер на Језеро од Црна Гора,…

Голема истрага во Италија: Знаете ли колку…

Серијата рации во Италија го разоткри контрастот…

УЕФА го суспендираше Демирал, херојот на Турција…

Според германскиот весник „Билд“, УЕФА го казнила…